ЗА НАС

''ГП ПЕЛИСТЕР'' изведува објекти од високоградба, нискоградба, хидроградба во Mакедонија и странство по пат на кооперација или со сопствени капацитети. Организира и врши ископи и транспортни услуги со градежна механизација за потребите на градежната оператива и други нарачатели. Врши надзор на изградбата и изведувањето на градежните работи.

Почетоците на "ГП Пелистер" датираат од далечната 1968 година, како градежно занаетчиска фирма а подоцна се формира голема градежна оператива и за брзо време успева да се наметне на пазарот како стабилен, силен и современ бренд во градежништвото прво во Македонија, на поранешните Jугословенски простори за набрзо да стигне до Европа. Со константен подем и рапидно темпо на пораст, " ГП Пелистер " станува комплетен изведувач од проект преку градба па се до предавање на објектот по принципот '' клуч на рака ". Резултатите постигнати во изминатите децении останаа забележани во Македонија. " ГП Пелистер " е добитник на низа признанија, награди и пофалници од државен и меѓународен карактер. Последно во низата признанија е 16-то место во конкуренција на 200 најуспешни фирми во Македонија.

"ГП Пелистер" е градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди. За таа цел ја поседува лиценцата " А " за градба од прва категорија, " Б " дозвола која се издава според Законот за животна средина што претставува усогласување со оперативниот план на градежната компанија. " ГП Пелисте " е единствената градежна компанија која што ги добила сертификатите за квалитет ISO9001:2000, OHSAS 180001 и сертификат за заштита на животната средина ISO14001:2004.

Визионерскиот пристап на менаџментот предводен од м-р Силјан Мицевски на "ГП Пелистер" е клучот кон остварување на квалитетот, за градењето на позитивниот дух и филозофијата да се биде прв, со што ретко може да се пофали некоја од градежните фирми во државата, не само во секторот градежништво. Работата во таква атмосфера неизоставно води кон успеси и настојувања а во случајот на " ГП Пелистер " е постојаната желба за нови градежни проекти.